цел (прид.) - околина (имн.)

Понекогаш така идело: ќе почнеш со едно да се смееш, а после сѐ ти станува смешно. Целата околина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред нејзиното мисловно око целата околина почна да ѝ се одмоткува како филм, и имаше нешто утешно и мило во врска со супермаркетите, бензинските пумпи, ресторанчињата, кината во кои се влегува со автомобил, гостилниците, ретките анахрони фарми, чии плевни и амбари беа обоени со црвена боја и беа сиви и обелени од временските влијанија, автопатиштата со надвозниците и подвозниците, и со кружниците, каде што секогаш можеше да се сврти во правец спротивен на оној во кој сте оделе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И сѐ изгледаше задремано, неподвижно, божем целата околина, целата природа се вовлекле во мирување, во бел сон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тупотот на нејзините копита и нејзиното мукање ја распараа магличавоста и страшно одекнаа во целата околина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сигурно од домскиот звук се будеше и целата околина, целата околина, се тргаше од својот сон.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
11. Хотелот Гранд е во центарот на Корча. Од седмиот кат се гледа целата околина и градот гледан од тука - лежи на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од ова место се отвораше прекрасен поглед на целата околина. Седнаа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе ми го изгазиш сиот тутун! – свика врагот со дремлив глас и се закани со тупаница.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)