Ќе го најдеш едно мало цефче... –пребледена од болка, а повеќе од стравот за иднината, се довикуваше со Кире, Невена одедната соба до другата. Гласот се лелееше низ цела куќа...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кучињата низ селото лаеја.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пламенот се вивна и ја осветли целата куќа.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
„Ми ја земаш целата куќа!“, изустив по некое време со неверица, како божем се работи за некое недоразбирање, кое може сепак да се исправи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Само ќе се свртиш а маглата веќе покрила сѐ - ги нема ѕидовите, исчезнува целата куќа, а од осветлениот прозорец останува само нејасна светла дамка ни на небо ни на земја околу која се вијат огромни витли тешка волнеста преѓа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Гласовите стивнаа, но ние наслушувавме нешто друго: низ целата куќа минуваше некаков постојан, одвај насетлив шум, тивко брмчење, одвај чујно мачешко предење на некој голем мотор.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ќе бара, целата куќа ќе ја преврти, мора да најде визиткарта.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Целата куќа така замириса како да беше градина со расцутени трендафили...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Личеше на дете кое, ограничувано во игрите од строги родители, оставено само ја превртува целата куќа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дваесет стапки широка и долга колку целата куќа, покриена со винова сеница, со зародишни гроздови, што ѕиркаа меѓу лисјата, терасата всушност беше продолжение на кујната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Визбата продолжуваше под целата куќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се крстев Господ нему да му е на помош во работата, зашто кога Господ му е на помош на домаќинот, тој ѝ е на помош на целата куќа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Да си ја земеш целата куќа наглава.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Тогаш, блескотот во очите на ќерките и нивната ѕвонлива смеа го враќа внукот во топлите вечери кога низ целата куќа и дворот провејуваше мирисот на печени телешки џигерчиња, а пред ширум отворените прозорци се белееа, чиниш лебдеат во сивилото на зајдисонцето, испраните чаршафи, алишта и пелени.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На првиот кат, во должина од целата куќа, балкон напред ограден со железа извиени во форма па шарои.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сé во домот бр. 2 го зачудуваше окото со својата исклучителна скромност: и мебелот, составен исклучиво од клупи од парк, донесени од Александровскиот булевар, сега наречен со името “Пролетерски ударнички саботи”, и газиени ламби од пазарот, и самите ќебиња со страшниот збор “Нозе”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Само една работа во целата куќа беше направена цврсто и како што треба: тоа беа пружините на вратите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Пред него пукна една просторна сала, што ја опфаќаше целата куќарка, со по два прозорци од обете страни, доста посветла од одајчето и многу постудена.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Плачам јас, плаче Здравко, плаче целата куќа. 77
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зар цела куќа ќе ми ја соголиш, зар сите мои рани со земја ќе ги потиснеш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Својата смрдеа те уверува дека низ цела куќа те има, дека не си само кај што си.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Целата куќа да ја наполниш со вода, велам, до гуша да ми фати водата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми се чини дека го пребарав секое катче, секое ќоше од целата куќа каде што таа хартија би можела да биде скриена.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Веќе во петтиот месец, порано отколку другите деца, почна да го освојува просторот, слободата: лазеше низ одаите, низ целата куќа, а потоа и преку прагот на куќата во дворот; лазеше со таква брзина што на сите им влеваше страв.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тогаш празникот од Татковата библиотека се пренесуваше во целата куќа, во Мајкината градина, на патот што беше пред нас во животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Христина и Томаица се чудеа што да облечат за на слава кај чичко им, па гласно се правеа договори за редослед на капење, се пеглаа облеки, се печеа пити, колачи, целата куќа мирисаше на цимет и каранфилче.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Семејната заднина укажува дека неговиот новооткриен талент и не е изненадување; двајцата родители се во рекламниот бизнис. Frere-Jones (името му е комбинација од презимињата на двајцата родители) се сеќава дека графички алатки секогаш имало „низ целата куќа”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Марија ја прошета целата куќа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Мирисот на тукушто испечената пита се ширеше низ целата куќа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Зошто моите топки се растрчале по целата куќа?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Можеби затоа што книгите се природно населени низ целата куќа и нивното присуство, во стариот кујнски шкаф, на пример, каде што во расеаноста на предвоениот мебел се потпираат еден со друг двата „народни готвачи“, петте тома од илустрираната сликовница за исчезнати цивилизации „Симфонии во каменот“, е сосема обично.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Иако уште млад, тој мораше да оди на дрва во Караорман, сам да бере дрва, да ги продава во Струга и да ја издржува целата куќа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кутриот татко морал цела куќа да ја чисти, а дури и готвел.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Некој удираше со тешката потковица со силни удари кои одекнаа низ целата куќа. .
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тој отсекогаш беше слабичок, но наскоро стомакот почна да му се прелева преку панталоните.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мојот маж и јас почнавме да јадеме и пиеме како гурмани.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ги врамив нивните детски фотографии и ги испозакачив низ целата куќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Некои од нив ги увеличав и ги користев како тапети. жалев за нивната младост.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ја имам слушнато како полугласно им зборува на цвеќињата, како ги допира тревите во Маврово и им се извинува што ги згазнала, ја имам видено како ноќе неподвижно гледа во ѕвездите, или „го пушта потокот да влезе во собата” доцна навечер кога сè е толку тивко, што во истиот миг кога ќе го отвори прозорецот, навистина се чини дека потокот сиот се втурнува внатре и продолжува да тече низ целата куќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу често сум се прашувала дали можеби и таа знае да лета на килим,и каде оди, и со кого? Ѝ го прочитав писмото.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)