цел (прид.) - крај (имн.)

Некоја малечка тајна, некоја нова игличка, или само капка засирена крв, од која се открива подоцна целиот крај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секако на некоја стара, позната слика: по патот среќавав ветерници; целиот крај беше една ливада; на ливадата како во селска идила, пасеа говеда.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иако „нерезина” старите Словени викале необработено, неуредно лозје, та целиот крај го доби по тоа ова име, нерешкото грозје на Јосифа, и на уште еден до двајца папуџии, беше надалеку познато по вкусот и сладоста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Планината и целиот крај отсекогаш биле мирни од таа страна, па момчето не се плашеше за својот живот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му зборував за важноста на Маказар за целиот крај, за неговата историја, дека ништо никој никогаш не направил, а дека секогаш, макар не многу, само се земало, дека луѓето се селеле за подобар живот, од немање, еве вакви услови, реков, од немање вода, струја, телефон, пат асфалтен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)