Знаеше колку тие го засакаа со целата душа и срце. Не само заради подароците.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Затоа кога Веле ги критикуваше мајсторите, говорејќи дека треба тие да ја внесуваат целата душа и да не жалат ништо, само да ја свршат што побрзо и што поубаво работата, велгоштанецот внимателно ќе го слушаше и потоа полека ќе му речеше: - Јас тебе ти признавам, Веле, иако си помлад по години, во занаетот си отишол понапред не само од мене, а и од миогу други мајстори како мене, што сме денес што се вели, со мајсторска тапија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со целата душа и целото срце ја почувствував радоста на мајка Роса, ама во исто време годините што останаа зад мене ме наполнија со болка!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Како во сон друг што му го кажувал, на доктор Миха му поминаа наредните денови и ноќи, споени во некоја колку сивина толку темнина, во која сè се препознава по научен навик а не со непосреден допир - од моментот кога го препозна синот во мртовечката картотека на Судската медицина, преку поворката низ гробиштата во која место тој да ја придржува жена си таа го придржуваше него заедно со ќерката, до тупотот на првата грутка земја што удри по сандакот на син му во гробот и оттогаш не престана да му одѕива во испразнетите гради, како грмеж од небото кој пред да одмине со облаците спалил една кревка тревка што ќе запусти цела душа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Помислете си добро, млади човече, дали може да му биде досадно на еден човек полн со сила и знание, кога се наоѓа сред својот народ, којшто го очекува со целата душа?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ни се стега грлото, целата душа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во тој Толев гест беше одговорот на последните Трајкови зборови и тој го почувствува со целата душа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)