Дренова, поцрвенета од времето, по целата должина ја красат грежови, на горниот крај има еден чатал подвиен надолу како на купечките патерици, така што патерицата продолжува над подвиениот чатал завршувајќи една тресцица погоре со чаталече на кое може да се потпре показалецот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Беше една долга француска карабинка, исто како онаа, што му ја оставија нему, само доста понова, а стариот ја држеше цврсто припиена по целата должина на своето тело.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Преку улицата, под самите покриви и над балконите од куќите, одеше акробатот по жицата, по јакото челично јаже растегнато од едната страна до другата, одеше господинот професор по жицата и ги претставуваше своите продукции поигувајќи се со жицата во такт со штраусовите валцери, а долу, под него, луѓето ги извиваат вратовите нагоре, натискани еден до друг со оставен широк празен круг на плочникот по целата должина на растегната жица, го гледаа од вечер во вечер, како виси над празнината помеѓу темното небо и нив долу, сенишно осветлен од блештавите рефлектори, го гледаа и секоја вечер чекаа да се случи нешто друго од оние свикнати, пресметано опасни кривуличења по жицата, луѓето чекаа да го наполнат оној оставен празен круг со еден крик, нивниот, и со едно стрмоглаво паѓање, неговото, и прекинување на катавечерните продукции врз жицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сега на покривот, над истиот оној празен простор, стои човеков што тогаш беше дете и тогаш гледаше оздола со отворени зеници и запрен здив кон височината што му се чинеше недосеглива, кон работ на покривите; стоеше сега поднаведнат а сепак достатно задржан од железата околу рацете, затегнати со сигурност над таа улична празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но тоа не се случи ни една вечер, еден ден ја снема и жицата, како што сега ја нема ни куќата на спротивната страна од улицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)