Една вечер многу настинав и барав да стане, а таа ми рече: Сине, вода нема, влегол бикот, ја испил целата вода.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Целата вода што доаѓаше од таа страна, всушност единствената страна од каде што доаѓаше троа вода лете во Маказар, ја собрале и ја свртиле за потребите на рибникот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На зајдисонце започнуваше руменилото да избива од него, како подземни вулкани, да се шири и да ја бојадисува пурпурно целата вода; птиците ги зафаќа немир, кричат и во јата трчаат по сонцето кое им бега зад планинските врвови; потпалено езерото, блескоти и фрла алови отсјаји в очи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ќе го истуриш шишето во топлата вода, ќе брцнеш со рачиштето два-три пати и целата вода ќе се претвори во сапуница. Густа како најгуст бел облак.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
За да се дојде до Сентерлевиот рид требаше да се измине целата вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
На дванаесетата страница следуваше практичниот запис За варење самварен сапун...се зема 10 килограми чист лој се клава во казанчето а после се зема 2 литри и ½ вода и се растворва во водата 1 и ¼ камена зода и се турва од таја размлачена вода во растопениот лој и тоа се кува еден сат после еден сат се турва уште 5 кгр и цела вода се остава да вари 2 сати а сетне се фрљае 2 – 3 грсти сол...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)