цел (прид.) - се (зам.)

- Смена на стража - рече десетарот. - Најпосле. Целиот се смрзнав.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако го пуштија од затвор, се беше угоил и си ја поврати старата боја - всушност, целиот се беше повратил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бранко ја собра главата во рамената, целиот се сви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Целата се шаренеев по просторијата од ламбадестото здолниште, кое не суптилно ме оцртуваше во задниот дел, и топло портокаловата тесна маичка која ги истакнуваше голите црни раменици под мојата коса.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ееее, - присторе Шишман и туку целиот се разблажи во лицето од благодарност.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И јас го принесов ковчежето кон клучалницата раширена, зјапната, црна; и го пуштив сподобието грозно, и тоа, како да се бевме договориле, зачекори право кон светлината што биеше од клучалницата, и цело се вовре низ неа, и влезе. Внатре, во тајната.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се обиделе да извлечат еден лист, но клопчето цело се распаднало.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Целиот се тресев. И нешто, паметам, изустив. Само еднаш, ѝ реков.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дури се раздени, јас веќе целата се нафрлив со пликови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Чад ми влезе, велам, целата се наполнив со чад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мене ми удира срцето, целата се нишам, ќе паднам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа целото се изгубуваше во длабоката дира, но чекореше пргаво, а од лицето му се гледаа само двете сиџимки од вршковите на мустаќите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она што не може со објаснување да се отстрани може, сепак, со објаснување да се претвори во стварно присуство. ‘Целата се претвори во уво, претпоставувам.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Одеднаш почувствував дека паѓам, дека цел се простирам преку улицата, а доматите, компирите и крушите што ги носев во една кошница, се разлазија по асфалтот!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Есенцијата си го направила своето. Од главата паднале девет коски, нешто во форма на желкини плочки, мозокот цел се отворил и се гледало како пулсира, дише.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Вистина е, вели Ѓувезија Дубровска, го слушам и звукот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тогаш ѝ се вивна некој пламен, целата се вџаши.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пука така ќумбето, прска жарје и целото се поткрева, подрипнува од куршумите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин му клапнува главата, а после целиот се слизнува покрај ѕидот. Ко испуштено јаже. 48
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)