цел (прид.) - бев (гл.)

Моливот ѝ падна од раката еднаш, и падна двапати, но кога се наведнуваше да го земе, целата беше завртена со тилот кон Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Под прозорецот од училницата стоеше човек, чија облека целата беше во прав.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ти носам поздрав. - Сега ќе излезам! - одговори Гоце, ги пушти децата во дворот и си помисли: „Мора да има нешто?“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Маас“ беше мал, брз, немилосрден. Атавизам. „Маас“ целиот беше Моќ.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Оваа планина целата беше наша, брезничка, зашто старите наши ја имаа купено од беговите... Селото има тапии за неа. Тоа остана за нас.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Целиот беше крвав. Лицето и белата брада му беа испрскани со црвени дамки, како да прележува сипаници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ти обично уста не затвораш, а тогаш целата беше како загубена. Што ти стана?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тоа е третата важна работа за која сакав да те видам – прифати Лета.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пиев сѐ повеќе и повеќе. Пиев сѐ додека целиот не се запалив: целиот бев во пламен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Страхуваше во позаостанатите делови на Балканот, а Балканот речиси целиот беше таков, пресметките со свештениците да не бидат пожестоки, подолготрајни, со повеќе последици.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во меѓувреме чичко ми ме барал, но сите што отстапуваа му рекле дека не ме виделе, па тој си помислил дека сум загинала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го најдов Мишо, цел беше во крв, ми ја даде раницата на Никола, бугарска раница која целата беше во крв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)