И почна да објаснува дека ракијата од овој балон ќе му траела цели три месеци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Цели три дена од последната недела, по посетата на онаа таткова нива во Далјани, ги превртував сите камења во атарот на Маказар, како мечка што превртува белутраци барајќи мравки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Знаете, тој оди во четврто одделение и, речиси, пред цели три недели престанал да ги тегне мачките за опаш.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
„Така! — си рече сама со умот. — До Велигден има ошче цели три недели.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе ти кажев дури и кој ѝ ја рашири вратата на нашава убавица Росана за да влезе во салонот на Домот на Армијата на онаа грандиозна прослава што не ѝ слегнуваше од устата цели три недели.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Да чуеме“, рече најпосле. И знаев дека сега ќе разговараме, како што секогаш разговаравме, цели три часа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Цели три години му слугувала, ама турската вера не ја зела.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Си се врати попот и си залелека. Денеска утре, цели три месеци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)