Присуството и физичката форма на брат му, звукот на неговиот глас, неговата кроткост, добродушното лице, цврстиот и отворен поглед на неговите очи, за кратко време ја оттргнаа илузијата на безвременост, и на минатото столетие му ја дадоа хронолошката димензија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не, тоа не беше Пенчо. Тоа беше лушпа, убава, цврста и привлечна што во себе крие сува и начната јатка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Татко, висок и строен, со исправена става, со вечно благ израз на лицето, и нискиот по раст Камилски, видливо слаб, но со цврст и жив израз на лицето, чекореа по кејот на реката, упатени кон Камениот мост, како балкански Дон Кихот и Санчо Панса, понесени од нивните ветерници зборови, со ислужено значење, но цврсто вкоренети во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше висок, снажен, со долга руса коса, орловски нос, цврсти и секогаш румени образи, широко чело.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Новата градба од камен ги има пропорциите на Арката, и тој треба да биде цврст и конечен дом за неа и за Севишниот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој ибн Бајко, цврст и полничок, ама и сплескан како некој тежок туч уште од малена да го приземјил, малечок и нагнетен како колбас од потонот на игуменот, куцкаше од тој пусти туч секогаш со главата надесно, а со телото налево, зашто колкот му беше начнат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)