цврст (прид.) - темел (имн.)

Не е наивно да веруваме дека доброто со добро ќе се врати.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А она, што имаше храброст да го посакува и што го исполнуваше со надеж, не беше некое недостижно здание од соништата што ќе исчезне кога ќе ги отвори очите, туку вистинска светла градба со цврсти темели која постоеше и кон која веќе наближуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сите ние сонуваме за цврстиот темел врз кој ќе чекориме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Постмодерната често се поврзува со естетичкото. Така Мајк Фитерстоун зборува за естетизацијата на секојдневниот живот, а Дејвид Харвеј ја гледа постмодерната како хегемонија на естетичкото над етичкото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но постмодернизмот, кој не значи дека секој може да оди каде сака и да прави што сака, едноставно подразбира дека не постојат сигурни и брзи начини за раздвојување на добриот од лошиот пат, добри и лоши култури итн. и ова ве враќа кон прашањето за морален избор и одговорноста - тоа ве прави одговорни а многу луѓе токму тоа не го сакаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овие заедници немаат никаков друг цврст темел освен определбата на нивните членови да живеат во нив, така што траат онолку долго колку што вниманието на членовите е живо а емоцио­налната определба силна. Во спротивно, тие едноставно исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Да изградиме куќи од песок но дом од најцврсти темели, столбови на разбирањето, почитта, љубовта, вредностите на вистината. Тоа би било нашето највредно наследство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)