Додека ја набљудуваше жената во нејзината карактеристична поза, со цврстите раце кренати кон жицата и со истурениот широк задник како на кобила, тој за првпат забележа дека е убава.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ме подигна со неговите цврсти раце.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И во еден момент ја почувствував неговата цврста рака како ме прегрнува и пријатно чувство проструи низ моето тело.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тоа беше сува, но цврста рака, со долги прсти на чии рабови имаше перчиња влакна побелени од сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Па ... па ... па ... па ... За народа треба цврста рака и бич, да нема да мрда.
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
И што беше најважно, добитокот беше онаа цврста рака што сѐ уште ги поврзуваше колибата и селото, што сѐ уште претставуваше мост меѓу минатото и денешницата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кој е со машко срце и цврста рака - оружје да фати - да тргне со нас!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
„О, да? Како така?“ „На нас „зрелите“ ни треба цврста рака.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Со нејзините цврсти раце кои стегаа како клешти нè одвои еден од друг, притискајќи нè силно околу надлактиците.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Изненаден од тоа што цврстата рака на старецот сѐ уште го притиска џебот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Некоја чудна и цврста рака ги сврзуваше и ги правеше да бидат сложни.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Краток меч во цврста рака спружен напред!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)