цврст (прид.) - прегратка (имн.)

Да те сакам, зошто премногу добро се навикнав на спокојството во твоите темно зелени очи и сигурноста во твоите цврсти прегратки!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Среќо моја,благодарам што дојде! - беа зборовите на Рада шепнати во цврстата прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По цврстата прегратка, Виктор ја крена Ивона како пердув.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одеднаш цврстата прегратка почна да попушта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нивната цврста прегратка како да покажуваше и зачеток на уште нешто... Со својата камера младата новинарка го следеше искачувањето кон врвот и на другите учесници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа нивна цврста прегратка им даваше дополнителна духовна сила со која на болестите гледаа како на ветровен кијамет, кој дува и поминува. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада не можеше да се воздржи и во цврста прегратка го гушна својот „лотосов цвет“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Тато, ме скокоткаш”, се смееше и се прпелкаше малечкиот во неговата цврста прегратка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И тие навистина се исплакаа цели десет-петнаесет минути прегрнати во цврста прегратка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едно утро забележал Раиз како фикусот се доближил а со некои гранки ја зафатил во цврста прегратка и половината на палмата. Прегратката траеше со денови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фикусот допираше со длабокото корење до одамна закопаните статуи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)