Грците со својата Цариградска патријаршија им го имаат наложено грчкиот јазик во училиштата и црквите на многу македонски краишта, каде што нема Грци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Верските заедници биле поделени на верници и неверници во следните милети: муслимански милет, рум-милет (источноправославен на чело со Цариградската патријаршија), франкискиот милет (за сите католици), ерменско-георгијански милет, милет на Ерменци католици и еврејски милет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По падот на Византија, султанот Мехмед II, најпрвин го признал рум-милетот кој ги опфаќал православните христијани, како што биле: Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Македонците, Власите и другите православни народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Римокатоличката црква располагала со своја бискупија во Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Под јурисдикција на Пеќската патријаршија се наоѓал северниот дел од Македонија воглавно Скопската епархија, а под јурисдикција на Цариградската патријаршија се наоѓале југоисточните делови на Македонија заедно со градот Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Богомилството за прв пат се појавува во југозападна Македонија во X век во времето кога на чело на Цариградската патријаршија се наоѓал Теофилакт (933-956).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со тоа Охридската архиепископија била укината, а нејзините епархии биле присоединети кон Цариградската патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Цариградската патријаршија ја задржала својата јурисдикција над југоисточните македонски епархии.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тоа било искористено од Цариградската патријаршија за агитација пред османлиските власти барајќи укинување на Архиепископијата, претставувајќи ја пред Високата Порта како орудие на Австрија и на Рим, што на крајот резултирало со нејзиното укинување во јануари 1767 со специјално султанско ираде.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По османлиското освојување на Балканот Пеќската патријаршија била укината и приклучена кон Охридската архиепископија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За време на османлиската владеење Охридската архиепископија одиграла позитивна улога во зачувувањето на верскиот, етничкиот и културниот идентитет на македонскиот народ како и на ширењето на словенската писменост во Македонија и на Балканот, воопшто.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но, ако се исклучат најјужните околии коишто биле населени со грчко или со турско население, во другите делови на Македонија грчката „сила“ ја сочинувало, главно, македонското и влашкото население, кое ја признавало Цариградската патријаршија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)