цариградски (прид.) - архив (имн.)

Во нив се напластени знаците на животот на стотици и стотици генерации во текот на повеќе од пет века... Mais, revenons nos moutons, mon vieux! (Но, ние да си се вратиме на нашите овци, стар мој!)
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, одговори Татко, но за да се дојде до нив, потребни се големи истражувања, најмногу во цариградските архиви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но познат е фактот дека во библиотеката на Иса Бег џамијата во Скопје се наоѓале коментарите на Фузули на делата на славниот мудрец и татко на медицината Хипократ, дури еден век пред да започнат да се преведуваат неговите дела на латински јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие документи, кои ја немале судбината да се најдат во централните цариградски архиви, сметани од локален карактер, ќе бидат драгоцени сведоштва за некогашните времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)