Геј-женственоста во голема мера е хомосексуална појава, дотолку што истополовата желба не може да се раздружи од околностите во кои се создава; таа не е само израз на половата меѓупоставеност или на женственоста, без никаква еротска состојка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е јасно што настапува прво, дали истополовата желба или родовата дисонантност, а не треба ни да се претпоставува дека првото или второто е извор или потекло на другото.
Еднакво немудро би било машките геј-културни практики да се оградуваат од секаква вплетеност во родовата обратност, во родовата девијантност или во родовата нетипичност – како што се обидуваат да прават некои критичари, кои им пристапуваат со постоунволско сфаќање на машката хомосексуалност како чисто сексуален и мажествен идентитет.366 Повеќето машки геј-културни практики, најпосле, од обожавањето диви до внатрешното украсување, излегуваат силно интонирани со женствени значења и нема потреба да се заматува тој факт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Треба да се разбере независно, во сопствена смисла.365
Со оглед на сиве овие размисли, не би било мудро да се обидуваме да ја концептуализираме машката геј-женственост, а ни оние машки геј-културни практики што може да изгледа дека се пројавуваат во неа, издвоено од истополовата сексуална желба, која е корелативна со неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако настрано дете можеби нема да си ги преведува еротските чувства во сексуална активност пред да порасне и пред да излезе од плакарот, што понекогаш може да потраe и многу години, тоа не значи дека тоа не доживува еротска привлечност кога сѐ уште е дете – вклучително и еротска привлечност од хомосексуален вид.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)