холивудски (прид.) - филм (имн.)

Томаица ги обожаваше холивудските филмови, го сакаше Крозби, Фред Астер...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Поточно, ќе разгледаме низа културни творби и активности што, се чини, имаат важна улога во учењето како да се биде геј: холивудските филмови, оперите, бродвејските мјузикли и други класични и популарни музички дела, како и кампот, обожавањето диви, дрегот, културата на мускулестост, стилот, модата и внатрешното уредување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со прекор во гласот ми вели дека сум премногу критичен спрема себеси, дека ги бројам само промашените пенали, дека ги потценувам сопствените чекори, дека плукам на сето она што сум го правел во стариот крај, дека заборавам дека имам потпишан договор за својот прв холивудски филм, дека умеам да бидам патетичен, да се сожалувам, да уживам во сопствената меланхолија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Реченицата „Каква шупа!“ прва ја изговорила Бети Дејвис во еден сјајно никаков холивудски филм од 1949 година, во режија на Кинг Вајдор, со наслов Зад шумата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Излегува дека некои главнотековни културни артефакти што одиграле значајна улога во машката геј- култура се и лезбијски класици – како што се холивудските филмови со Марлен Дитрих или со Грета Гарбо, или комедијата Интимни разговори (Pillow Talk) со Рок Хадсон и Дорис Деј или операта Кавалер со ружа (Der Rosenkavalier) од Рихард Штраус.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Осветлувањето, изразите на лицата, гласовните промени, музиката, аглите на кадрирањето и визуелната реторика на класичната кинематографија на холивудскиот филм ноар [црна серија] значително повеќе придонесуваат кон ефектот на филмот врз гледачот отколку самиот текст и редакцијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)