Помислил дека нема потреба на домашните да им каже за малиот хируршки зафат, сѐ требало да се заврши во едно попладне, и вечерта пак да биде во својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
При операцијата изгубил многу крв, и од болницата им јавиле на Марта и Ана да му донесат најнужни нешта. Следниот ден тој сепак инсистирал да си оди дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)