Во уличката што го носи името на овој француски скулптор, кој доаѓа веднаш по Роден, во една скромна музејска зграда се сместени најпознатите дела на Бурдел, кој живеел многу скромно, дури сиромашно, што може да се види и од неговата работна соба.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако веќе се спуштате од „Шајо“ кон Ајфеловата кула а натаму и кон Военото училиште патот води кон еден од најзнаменитите париски споменици - Домот на инавалидите, во чија близина се наоѓа и Музејот на големиот француски скулптор Роден.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)