француски (прид.) - научник (имн.)

- Според француските научници, европската јагула при своите дамнешни патувања ја населувала исчезнатата Атлантида, во чија близина и се расплодувала.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Откако малку се созеде, Игор Лозински продолжи: - Моќта за совршено држење на непогрешливиот правец во движењето на јагулите, била споредувана од научниците со моќта за ориентација на птиците - преселници, но сепак овде се работи за два различни феномени: има француски научници кои долго време го проучувале патот на јагулите за на крајот феноменот на нивната совршена ориентација да го препишат на еден вид атавизам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)