француски (прид.) - метропола (имн.)

Во овие тесни улици на „Сен Мишел“ бев со еден ој пријател кој намерно ме доведе овде за да се нагледам париски бизарности и да го почувствувам Ориентот во француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во овој јануари во француската метропола, кај Версајските врати, се одржуваше Светска изложба на мебел, но таа не претставуваше настан за Париз осем за оние посебно заинтересирани за неа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„МОНПАРНАС“ е еден од најпрочуените квартови на Париз. Познат е во културната и во политичката историја на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гостите и туристите, кои дошле во Париз, најмногу сакаат да однесат спомени токму од оваа париска панорама која во себе го соединува можеби најубавото од овој дел на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И затоа секој што застанал и зјапи во витрините на кабарињата, на бистроата, во бутките со порно литература, во кафеаните каде што се нуди само голотија, во кината каде што се екранизират порно филмови и на чии влезови, за пропаганден ефект, задолжително стои забелешка дека „гледањето на филмот е строго забрането за луѓе под 18 години“, е некој дошлак во Париз, некој турист и гостин од некоја странска замја, кој можеби дошол тука, на „Пигал“, за да каже, кога ќе се врати во својот крај, дека бил на „Пигал“, зашто се смета дека тој е еден од симболите на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ЕДНА пролетна квечерина се најдов кај париските „Хали“ познат кварт на француската метропола по тоа што овде доскоро се наоѓаше „стомакот“ на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)