француски (прид.) - болница (имн.)

Меѓу нив бил и Героги Манасов, а меѓу багажот бил и неговиот куфер.102 Ранетите 5-6 члена од посадата, биле пренесени во француската болница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Католичката милосрдна сестра, Французинката Писи, која во Солун работела во француската болница и поради тоа контактирала со наши луѓе и ја познавала доста добро неиздржливата положба во која се наоѓало македонското население, во својот „Дневник“ се прашува: „До кога ќе оди така? Нема ли да се преполни чашата на горчината?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во француската болница, каде што била сместена посадата на бродот, имало и неколку ранети.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се огласил Орце, забарикадиран во својот стан, кој, видовме, се наоѓал во главниот дел од градот во близина на Отоманската банка и француската болница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овој кварт, во кој се наоѓала Банката бил познат како „Франк-маало“ и тука биле сместени уште католичката катедрала, француската болница, женското училиште раководено од француски сестри, американската и шкотската мисија, солунската банка и голем број магазини на крупни трговци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)