Собирот на содружниците [меѓудругото] ги врши и следниве работи: – ги усвојува годишната сметка и годишните финансиски извештаи, како и годишниот извештај за работата на друштвото во претходната деловна година и одлучува за распределбата на добив- ката и за покривање на загубите (чл.215, ст.1, ал.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Зависно друштво е правно самостојно друштво над кое друго [владејачко] друштво има непосредно или посредно превладувачко влијание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Комисијата за одлучување по прекршок, на претпријатието, односно здружението на претпријатија, со решение ќе му изрече глоба во износ до 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ за која претпријатието или здружението на претпријатија има составена годишна сметка, ако: 1) склучи забранет договор или на друг начин учествува во договор, одлука или усогласено однесување со кои се нарушува конкуренцијата...; 2) стори злоупотреба на доми- нантна позиција... (чл. 59, ст.1, ал.1-2 од ЗЗК). 3. Со договорот за друштвото [со ограничена одговорност] може да се определи сите или одделни содружници [а не ‘вработе- ни’!] да се обврзат да дадат дополнителни доплати над износот на влогот само кога е тоа потребно за покривање на загубите или за привремена неопходна потреба од парични средства (чл. 191, ст.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи не можат да бидат одобрени без да биде извршена ревизија (чл. 506, ст.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Трговското друштво, секоја година, составува и објавува консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи – ако има превладувачко влијание во едно или повеќе друштва (чл. 504, ст.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Друштво кое има непосредно или посредно превладувачко влијание во зависно од него друштво е владејачко друштво (чл. 495, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)