А бидејќи тоа е една од најтешките работи и бидејќи статус-кво е најдобриот од сите можни светови, тогаш дај вади ги старите идеолошки шеми на пријатели и непријатели, чкртни „социјализам” и напиши „државотворност”, чкртни „егалитаризам” и напиши „национализам”, супер, ете извршена транзиција, по некое фино чудо ние сме пак горе и сè е фино во грозоморниов свет, освен што веќе нема класи, туку тенка буржуазија и маса понижени и непросветени пролетери.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)