фин (прид.) - девојка (имн.)

(Има такви луѓе: ќе ти надробат поединости за чии последици и не помислуваат а дури потоа ќе те погледнат в очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ти си многу фина девојка!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Бојана е многу убава и фина девојка Алек, мајка му се насмевна.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Ха... интересно...! А, сега, значи сум фина девојка за тебе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Треба да се вљубиш во фина девојка и да се ожениш за неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Имаш фина девојка – го крена погледот Грофот. – Но каква корист од тоа? – додаде многу невкусно и ме погледна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)