Да го оставиме настрана фактот (што од оваа гледна точка е малку битен) дека Хичкок мошне јасно и начелно се изјаснил против поставувањето на големите книжевни дела на филмски екран затоа што работата со слики и со звук има сосем друга природа од работата со зборови, но оваа мисла не се чини сосем неточна.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Па и разликите меѓу самите папоци: помеѓу оние коишто човек некогаш одамна возбудено ги бакнал во знак на запознавање и од кои сега мора нежно да се прости со бакнеж и оние во чијшто само помалку-повеќе невин изглед човекот уживал, во живо или на фотографии, на плажи или филмски екрани или на средните страници на „Плејбој” или во новинските реклами за долни алишта - не заборавајќи ги, во категоријата „еј, здраво”, милите папоци на своите деца, сеедно дали тие (папоците) се свртени навнатре или нанадвор, пред децата да го достигнат она доба на протест поради родителското папкољубие.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)