Камилски на почетокот не сакаше да го меша искуството што го понесе од Голи Оток за кодошењето и кодоштвото, што се спроведуваше како дел од организираната психичка и физичка тортура врз затворениците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По добивањето на спорот, Авдиќ продолжува со работа во АД „Киро Ќучук“ уште 4-5 години, но на пониски работни позиции и со континуирано вршење мобинг од страна на претпоставените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Денешниот научник е или мешавина од психолог и инквизитор, кој до најситни детали го истражува значењето на изразите на лицето, на гестовите, на тонот, на гласот и на ефектот на дрогите во шок-терапијата, хипнозата и во физичката тортура заради извлекување на вистината; или пак е хемичар, физичар или биолог, заинтересиран само за оние гранки од својата специјалност кои се во врска со одземањето на животи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На пример, кога кај Авдиќ се влошува здравствената состојба со појава на „Discus hernia“ (болест во долниот дел на телото, попозната како крстоболка), нему – свесно, злонамерно и 104 тенденциозно – му е доделено ново понижувачко работно место за товарење и растоварање, сè со цел врз него да се изврши психичка и физичка тортура.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)