физички (прид.) - тело (имн.)

Иронијата е во тоа што, во сегашноста може ништо да не забележиме, доколку сме замаени во реализација на своите себични интереси, или зафатени со секојдневните потреби на нашето физичко тело, не регистријајки ни најмал дел од случувањата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што тогаш се случува со нашето физичко тело, она што секојдневно го носиме со себе, она со кое се одмораме и кое го боли заб, и како на таквата слика реагираат естетските стратегии што ја имаат на располагање високата технологија?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе бидам вечерва обично физичко тело. Со непознат волумен.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Веќе нема да има раѓање и смрт - само поправки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тој процес на ‘калемење’ на вештачкото врз физичкото тело (нешто како Робокап) свеста сепак некако ќе опстане.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Земјата е себична. Земјата ништо не пушта далеку од себе, себичноста и е присутна во сите физички тела – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо беше распнат меѓу два пата, прикован за сопствениот крст, кој му тежеше; покрај тоа што знаеше дека мора да го носи, беше немоќен да излезе на крај со неговата тежина, со тежината на своето сопствено физичко тело, со сето она што телото го бара!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)