Јас клекнав крај неа, ѝ ги фатив рацете, а таа го потпре своето лице на мојот врат, ја слушав како плаче, како испрекинато дише, и знаев дека со солзите заради нејзината физичка немоќ се мешаа и солзите заради една друга болка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имаше во верувањето на овие источни деспоти во залезните години на животот некаква внатрешна, необјаснива, митска, идеалистичка, донкихотовска сила, која не дозволуваше да ја напуштат власта, кога речиси беа во физичка немоќ да ја додржат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа се смири, ја зеде книгата оставена на креветот, и ја врати под перницата. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)