физички (прид.) - наука (имн.)

Ова релационо (тополошко) гледиште на нашата позиција е потврдено и од “другата страна” - имено од физичките науки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Да се присетиме просто, во груби црти, на фактот дека револуцијата на идеите, резот - „епистемолошки, како што се вели - чиј што најинтензивен момент можеме да го врземе за времето околу 1913. година, во метежот што го донесе, како во областа на математичките и физичките науки, така и во подрачјето на сензибилитетот, може во повеќе од еден поглед да се спореди со климата во времето 1480-1500, помеѓу крајот на средниот век и почетокот на ренесансата, помеѓу опаѓањето на средновековниот хуманизам и премисите на една нова култура во која се мешаат, во единствен синкретизам, томизмот и неоплатонизмот, емпиризмот и номинализмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Напротив, ние веруваме дека е обратно, дека компјутерската метафора дава единствен хуманистички поглед на човечкиот род кој сѐ уште е компатибилен со најригорозните перспективи на коректност во физичките науки.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Овие третмани трагаат по зголемување на успесите на биомедицинската наука кои моделот на испитување на физичките науки го применуваат на разбирањето на биолошките системи на телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)