5 Во јануари 2010 судијата (Ѓ.Христовски), во присуство на полномошниците на обете странки, донесе позитивна пресуда во корист на Ф.И. со која се усвои нејзиното тужбено барање и работодавачот беше задолжен, под страв од присилно извршување, во рок од осум дена да ѝ исплати вкупна сума од 750.000 МКД (12.300 ЕУР) на име справедлив надомест на нематеријална штета на работничката и тоа:6 а) 150.000 МКД за претрпен физички бол; б) 300.000 МКД за претрпен страв; и в) 300.000 МКД за душевни болки заради намалена животна активност; а сето ова сосе законската затезна камата која почна да се пресметува од февруари 2009.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во периодот од јуни 2008 до јануари 2010, пред месно надлежниот суд се одржаа вкупно четири рочишта за главна расправа, на која беше спроведено и медицинско психијатриско вештачење од страна на вешто лице – психијатар, а беше сослушан и доктор- специјалист офталмолог.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)