феминистички (прид.) - философија (имн.)

Да се направи избор на текстови од феминистичка философија е неблагодарна работа, посебно кога си припадник на „луѓето со незначително поголеми мускули“, сега веќе толку извикани од „луѓето со незначително помали мускули“, барем кога се работи за две и пол илјади годишното машко господарење со филозофијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во друга рака, овој говор на крајот од нејзината книга за можноста на создавање на женска философија звучи чудно во светлината на сета феминистичка философија за којашто нејзината книга нѐ информира.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со исклучок на третиот текст (кој, иако истргнат од врзопот текстови во кои се расправа за феминизмот во пост-комунизмот, дава одлична слика за феминистичките стремежи во поднебјето во кое и ние пр(о/е)живуваме), останатите текстови предочуваат дел од главните определби и настојувања на „западната“ феминистичка философија, како и нејзината поврзаност со постструктурализмот, постмодернизмот, (пост)прагматизмот, херменевтиката, феноменологијата, идеологијата, политиката.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)