Сега чадот од дувалото како низ некој фабрички оџак одеше нагоре правејќи црн столб и високо во небото се распаѓаше и се губеше како мастило во вода.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Зачудено гледале младите и старите, се возбудиле мачките и птиците, се разбранувале тротоарите, се исплеткале улиците, телефонските жици се испокинале, се занишале осумкатниците, прозорците зинале на сите довршени и недовршени згради, на еден фабрички оџак му дошло студено - чадел, веќе нема да чади - и паднал во несвест од зачуденост.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Зашто Софија со својата индустрија, со своите фабрички оџаци е голем извор на чад, на дим, на пепел, кој секојдневно виси над софиското небо, се напластува по нејзините покриви, виси во воздухот и допира до луѓето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)