учителски (прид.) - школа (имн.)

Роден во с. Брајчино, Преспа, 1928 г. Завршил учителска школа во Скопје.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По завршувањето на американското училиште „Хари Фулц” во Тирана работеше во познатата учителска школа во Елбасан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа уште во млади години како матурантка во престижната учителска школа „Мајката Царица” во Тирана, се влеа во првите редови на антифашистичките демонстрации во текот на покорувањето на земјата, газејќи ја сликата на фашистичкиот водач Мусолини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Кога тоа девојче завршило учителска школа и станало учителка се засакале со некое момче, со кого се познавале од подамна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа, во сите тие страшни денови, кога радиото ги соопштувало имињата на загинатите во земјотресот, со ужас го слушнала и името на една своја соученичка од времето пред да се запише во учителска школа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Завршив висока учителска школа во Скопје и сега работам во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во наш интерес е да останеме сите тука заедно и да наоѓаме начин да се справуваме со економските проблеми и да градиме заедничка иднина....“ говореше младиот каризматичен учител, свежо вратен во Битола по завршувањето на студиите во учителската школа во Скопје.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Туку, да ве запознаам, Костадин го знајте, а ова е Петар Димоски, нашио нов даскал во училиштето „ Вук Караџиќ “, свежо вратен од студиите во учителската школа во Скопје. Ова е Томаица, ова е Христина.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој понатаму ѝ раскажуваше за неговите студентски денови во учителската школа во Скопје, за комуникацијата со Бранислав Нушиќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
По завршувањето на учителска школа, тој учителствува во многу села низ Македонија.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во следните белешки се открива дека сум им напишал писмо на моите во Гаково, дека сум се отпишал од учителска школа и сум се запишал во гимназијата Цветан Димов и дека сум кај Нанчо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа и Величка мислам дека беа дојдени само што завршиле учителска школа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)