училиштен (прид.) - година (имн.)

Некаде тогаш, при крајот на училишната година се запознав со него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По две седмици, се случи уште нешто. Беше јуни, крај на училишната година, и целата гимназија одеше на екскурзија во Стоби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никогаш не се спротивставуваше, а сепак тераше по свое!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа на шестнаесет години, по преживеаниот пеницилински шок, Татјана падна од мотор два дена по завршувањето на училишната година и ја скрши бутната коска.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во тој интервал, кога се зачестија бомбардирањата врз градот, нив едноставно ги распуштија пред да заврши училишната година и ги ослободија од посетување часови и полагање испити.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Последната училишна година тој доживеа „нервен слом”, и отсуствуваше од работа три месеци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Почнуваше да се тресе, необјасниво. Ништо такво не му се имаше случено претходно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се прегрнавме топло, како што тоа често се случува кога ненадејно ќе се сретнат двајца другари од училишните години.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На свеченоста што се одржа во училиштето по повод завршувањето на училишната година, кога сите ѝ честитаа на Лорета како најдобра ученичка, Аце стоеше настрана.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога заврши училишната година и кога учениците започнаа д се запишуваат во средни училишта Дарко и Лорета решија да се запишат во исто училиште.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)