Тој син ти бил еден од нашите први учени луѓе, му се фалеа, оти татко му, кралот, беше ти го пратил во туѓина да учи за лекар.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Професори. Учени луѓе. Ќе испитуваат, ќе мерат, што ли? Нивна работа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како и секој стар градски занаетчија, Ружди берберот длабоко ги почитуваше даскалите како учени луѓе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
158. Ова барање писмено го истакна уште самоукиот ѕидар, комита, литератор, граматичар и историчар Ѓорѓија М. Пулевски: „…треба да се соберат од сите напред речени народности по 4-5 учени луѓе што го познаваат мајчиниот јазик чисто.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И на бугарските учени луѓе и на стопанствениците очите им се свртени кон морските води, кон неисцрпниот резервоар на вода - Црно Море, крај чиј брег постојат надежи дека ќе израснат огромни атомски централи за отсолување на морската вода, кои ќе бидат рентабилни, со примената на најновите достигања во науката и техниката.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А на Македонија ѝ требаат и учени луѓе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)