утрешен (прид.) - ден (имн.)

Тој се спружи под покрив до сестра си Верка, се занесе во мисли за утрешниот ден и заспа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Чекореше и ги броеше чекорите еден, два, три, четири и пак едно, две, три, четири... и го знаеше својот почеток но не можеше да ја наслути својата иднина, својот крај, дури ни својот утрешен ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Утрешниот ден осамна во сонце и сино небо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Преостануваше само да го пречека утрешниот ден, сонцето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)