утописки (прид.) - сон (имн.)

По плоштадите, крстосниците и ановите во Куско понекогаш, ако подзагледате повнимателно, ќе го видите и Че Гевара клекнат крај болните дечиња, ако подзагледате уште повнимателно, Че навистина личи на еден Кускењо макар што нему не му натежнува каменото помнење туку е зафатен од друга болест, болест на столетијата која што еден друг доктор по име Габриел Гарсија Маркес ја беше нарекол – утописки сон.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
XVI И тројцата пријатели во тмурната балканска ноќ го споделуваа заедничкиот утописки сон: што ќе се случи со јагулите, кутрите јагули, ако сталинизмот вистински ги допре бреговите на Езерото, ако се всели во душите на луѓето?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Климент Камилски и Татко делеа ист, голем утописки сон за јазиците: првиот западниот, европски сон, а вториот источниот, азискиот сон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)