утврден (прид.) - според (предл.)

Заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот, во рок од три дена од денот на стапувањето на работа...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку инспекторот на трудот по повторената контрола утврди дека работодавачот не ја отстранил неправилноста за која еднаш веќе му е посочено дека ја сторил во тој случај инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија согласно закон. (чл. 6) Со измените на Законот за минимална плата од 10.02.2014 година е прецизиран износот на минималната плата и е предвидено дека истата ќе изнесува 10.080 денари во нето износ која ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година. (чл. 1 и чл. 6 од ЗИЗМП/фев.14) Со оваа измена на законот е направена своевидна дискриминација на работниците кои работат во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, кои важат за трудово-интензивни дејности, каде е предвидено дека минималната плата во овие сектори ќе биде во помал износ и тоа за 2014 година минимлната плата во овој сектор ќе изнесува 7.500 денари, во 2015 година 8.050 денари, во 2016 година 9.000 денари, во 2017 година 9.590 денари и во 2018 година нејзиниот износ ќе биде 10.080 денари. (чл. 4 и чл. 5 од ЗИЗМП/фев.14) Со измената на Законот за минимална плата од 05.12.2014 година дојде до измена на чл. 7 со што е направено своевидно поострување на глобите за работодавачите и за одговорното лице во правното лице, доколку не му биде исплатена минимална плата на работникот утврдена според закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Па така, со оваа измена наместо дотогашниот износ на глобата од 6000 до 7000 евра за работодавачот, се предвиде дека доколку работодавачот во рок од седум дена, не му исплати минимална плата на работникот во висина утврдена според одредбите од овој закон, ќе му биде изречена глоба во износ од 8000 до 9000 евра, додека за одговорното лице во правното лице наместо дотогашниот износ на глобата од 3000 до 4000 евра, по ново е предвидена глоба во износ од 4000 до 5000 евра.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава [образец М1/М2] за работникот во задолжително социјално осигурување [пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност], во согласност со посебните прописи – во АВРМ, по електронски пат или непосредно во Агенцијата, пред работникот да стапи на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Иако платата на работникот за работа со полно работно вре- ме не може да биде пониска од најниската плата утврдена според закон и колективен договор (чл. 107, ЗРО) – до денес [јуни 2011] во РМ не е донесен таков закон кој ја регулира материјата за т.н. „минималец“ односно најниска плата, а оваа материја не е регули- рана ниту со Општиот колективен договор за стопанството на РМ (10.VII.2009) – туку тоа е оставено да се стори со колективните договори на ниво на дејностите (в. чл. 17, ОКДС). 5.  Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно, а работната недела, по правило, трае пет работни дена (чл. 116, ст.1-2, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)