усвитен (прид.) - муцка (имн.)

Таа крв, како што верува со едно крајче на свеста но без страв и зачуденост, ќе потече низ неговите ноздри или низ устата полна со врел и застоен воздух, Пламените пци не го лижат со врелите јазици, Се собираат над него и ги забуцуваат усвитените муцки во неговата отворена утроба, се хранат со неговата глад, со неговата жед.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Додека сонцето, шишко со усвитена муцка, ми стоеше над глава, слушнав глас: - Се радувам, Пупи Паф, што најпосле можам да те видам со слабиве очи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)