усвитен (прид.) - камен (имн.)

Со малку сиренце, она убавото, жежено што се вика, и што се прави со усвитени камења што се ставаат во овчо млеко, и со понекоја голтка водичка од стомнето, ги изедоа печените компири, убави, вкусни какви ни на царска трпеза не можат да се најдат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И станувам усвитен камен Метеор желен за Мајката Земја Со благ допир Го отворам просторот За глобално затоплување Во собата полна со гости Од жарот пишти змија
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Па и нивната работна облека не се разликуваше многу од затвореничката, така што за надворешниот посетител тие беа истите оние казненици што кршеа камен и ѕидаа темели за недостапни градби, само што сега не им ја надгледуваше работата нивни колега архитект туку нивни професор по керамика, а од работните места до бараките со спалните не ги придружуваа вооружени стражари со дресирани кучиња туку жедни жегалци по суви дрвја и дремовни гуштери под усвитени камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)