Мон диеу, мон диеу, Марие! Се разнежува уплашениот глас на мажот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Без да размислува што прави, остави пушката да му се лизне низ прстите и се стрча надолу по ридот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Вратите на куќите почнаа да се отвораат, слушаше растрчани чекори, нервозни и уплашени гласови се довикуваа, и сфати дека во секој миг ќе дојдат и другите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)