универзален (прид.) - смисла (имн.)

Примерите за геј-културата што ги наведува, оттука, откриваат низа потфрлања во разните негови концепции и дефиниции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога настраните вработени од Тајм аут Њујорк седнаа да се договорат што да оди во фељтонот за „геј-културата“, бргу сфативме дека тоа никако нема да биде лесна работа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се зафатиме ли со неа во онаа класична, универзална смисла – како во џудигарландските кампести дрег-претстави и во Стоун буч блуз?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да зборуваме ли за новите квир-независни филмови и за тоа зошто се честопати нискобуџетни и невпечатливи?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или за најфраерските, најсвежите таленти и за тоа како ги дрмаат медиумите со разни работи – од музика и јужноменхетенски театар до авангарднa литература и трансбурлески? (16) Тука многу се збило во малку простор, па не е ни чудо што се направиле некои чудни амалгами.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, не е јасно како тоа Џуди Гарланд ја претставува геј-културата „во онаа универзална смисла“ во која ја претставува дрегот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што излегува, тоа се објектите на кои текстописците од ТОНИ особено им се восхитуваат, кои им се подраги од невпечатливине, нискобуџетнине филмови од новите квир-филмаџии кон кои гледаат презирно (Ариел Шраг, дописник во форумот на ТОНИ и некогашен текстописец за Ди ел ворд, изнесува посебен презир кон експерименталниот квир-фестивал МИКС во Њујорк).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога лобираат да се сфати колку „навистина настрани“ знаат да бидат некои културни икони што не се бележат како „отворено геј“, текстописците на ТОНИ покажуваат – не сакајќи, и покрај нивната увереност дека се креатори на трендовите – баш колку им е архаичен моделот на геј- културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, нивното уживање да наоѓаат настрано значење во културните предмети што не ја прикажуваат експлицитно хомосексуалноста, а кои не ги создала отворено геј-култура, рекапитулира една претстоунволска геј-практика на настранување на стрејт-културата – односно, ја призива и ја репродуцира геј-културата „во класичната, универзална смисла“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е тоа проблем на релативната вредност или важност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и додека ја исмеваат „идентитетската уметност“ како старомодна, барем кога се состои од работи што не им се допаѓаат, желни се да ја слават геј-културата кога ја создаваат „најжешките и најсвежите таленти што постојат“ и важат за ликови што „ги дрмаат медиумите – од музика и јужноменхетенски театар до авангарднa литература и трансбурлески“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)