Секоја вечер кога уморен ќе се вратев дома, бев лут затоа што ми беше минал уште еден ден од мојот живот кој ми донесе само замор, бес и точно онолку пари колку што требаше за да работам и понатаму, ако таквата работа воопшто и може да се нарече работа: по азбучен ред да сортирам сметки, да ги дупчам и да ги прицврстувам во нова фасцикла, каде што трпеливо ќе ја поднесуваат судбината никогаш да не бидат платени; или да пишувам рекламни писма што безуспешно патуваат низ земјата и претставуваат само непотребно бреме за поштарите; понекогаш да пишувам сметки што некој можеби и ќе ги плати, дури и во готово.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Почитуван Александар, Иако никогаш не сме патувале по исти патишта, верувам дека помалку уморни ќе се сретнеме на истиот крстопат, правливи и резигнирани.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Така го минував времето, ден за ден, речиси две недели – во канцеларијата на тој неинтелигентен човек, кој самиот себеси се сфаќаше сериозно, и, згора на сè, се сметаше за уметник зашто понекогаш – додека бев таму, тоа се случи само еднаш – го гледаа како стои крај масата за цртање, работи со моливи и хартии и црта некој расклапан предмет, полица за цвеќе или нов вид домашен шанк, некаква мака за новите генерации потрошувачи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)