уморен (прид.) - и (сврз.)

Луѓето се точкаа уште низ чекална, уморни и нерасположени, излегуваа на перон и пред станица, и пак се враќаа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беа веќе уморни и нерасположени за разговор. Требаше да се спие.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, во исто време се плашеше дека тие би можеле да го дотолчат неговото уморно и во голема мера истрошено тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Стави ми да јадам, мртов сум уморен и жив гладен, - Анѓа му ја тутна тавата пред нос.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот, кога се запозна со ансамблот (со старите и младите, уморените и орните за работа) им кажа дека театарот има прекрасно бифе, а потоа го додаде и тоа дека Оскар Вајлд е негова стара болка и дека е многу среќен што ќе го инсценира неговото дело „Важно е да се викаш Ернест“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се лизга вратата од хотелот и од него полека се извлекуваат - убави, уморени и млади, побелени во ликовите од неспиење, и, со крив чекор на растреперените нозе, брзаат дома да одморат и да се спремат за вечер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
СИВИЌ: Господин Клаус е уморен и сака да си оди. Сака да се поздрави. Посебно со вас… господине Андреевиќ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Перса би сакала уште долго да го слуша зборот на Пелагија, ама знае дека е уморна и дека треба добро да се одмори за да може утре да работи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во мислите му се отвораше светот, полн со секакви потреби, нужди и страв во разни облици.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И во ова утро везирот беше уморен и ненаспан, ама мирен и прибран; клепките му беа тешки, а лицето како заледено во свежината на утрото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)