уметнички (прид.) - слика (имн.)

Раскошна архитектура, мермерни шедрвани, бавчи и цвеќиња и двор опашан со висок ѕид, босфорски води, огромни мермерни столбови. 14.500 кгр. злато, кристал, хареми, тешки персиски килими, мермерни бањи, уметнички слики, фрески, полилеи, едно баснословно богатство - тоа е „Долма Бахче“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На ѕидовите, полуосветлени – уметнички слики. Само шанкот – накитен со најразновидни шишиња со странски налепници – го бие појарка светлина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тука настанала кавга затоа што тие истите тогаш се појавиле со електричен шпорет, а сега мојата пријателка ги „обива“ галериите низ градот барајќи соодветна уметничка слика.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)