умен (прид.) - ќе (чест.)

И така умнијот старец, без да разберит нешчо од девојкините одгоори, си отидел зачуден и замислен, велеешчем си сам со себе: „Оваа девојка или многу умна ќе да је, или многу безумна“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Комшијата им бил умрел, та бабата је му затворала очите - му чинела тоа, шчо никој п'т дотога не му сторила, нито пак ќе му сторит други п'т отсега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така е. И без да се колнам, умните ќе ми поверуваат. Светот е голем, има и такви.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Покусите п'тишча секога бидвеет тесни, криви и стрмни - козји п'тишча, а подалечните, подолѕите, секога се друмишча широки, прави и рамни, та ако татко је со колата поминел по некој козји п'т, можит да му се превртит колата или да му се скршит, та дури да ја испраит, дури да ја попрајт, разбират се, оти ќе се забаит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)