умен (прид.) - човек (имн.)

Тој е умен човек. Во животот минал и низ сито и низ решето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сокол Мечевски беше добар, чувствителен, толерантен и умен човек.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Еден просветен народ може да се срамни со еден умен човек; затоа наш долг е да ги вложиме сите свои сили со своето работење да го просветиме нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таков беше тој Јоше. Немаше трпение нешто да каже со зборови иако сите го сметаа за умен човек.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој судијата, некој умен човек, ги викнал двајцата, ги прашува, ама тоа пак тоа: едниот вели му дал пари на другиот, а другиот вели дека никакви пари не видел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така татко на Трајко, мојот прадедо Иван бил природно бистар, доста умен човек, кој водел благородствен живот и доживеал длабока старост.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Никој умен човек не би попречил!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Ако е тој умен човек, нема да пречи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Многу умен човек, - рече друг.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Умниот човек, велеше Татко, умее да ја потчини фаталноста, како што тоа му успева на морнарот среде разбранетото море, без оглед од каде дува ветерот, да ја одржи пловидбата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А Лазо, умен човек, држеше рамнотежа. Им годеше и на едните и на другите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
"Многу умен човек", рече друг.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вели: „Беше толку фин со мене капетанот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, токму таму, во меаната, татко ти успеал да го направи најглупавиот договор што еден умен човек смее да си го дозволи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Се согласувам, секретарот се покажа умен човек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Така е, вели Витомир со насолзени очи од чадот. - Ние, за умен човек имаме само еден збор, велам, којзнае зошто ама за умен човек немаме повеќе зборови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)