умен (прид.) - луѓе (имн.)

За среќа, се нашле умни луѓе и, така, работата стигнала дури до Водачот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Морав да бидам многу внимателен, да ги избегнам теориите на деконструкција, зашто тие не се од помош при разјаснување на проблемите што можат да го приближат техничкиот свет до јавноста и до умните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сигурно дека умните луѓе се малку, велам, па малку се и зборовите за нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Опколен со бадеми од книги, се прашувам која е мојата, кои се нашите? – чувствувам нелагодност меѓу тоа мноштво печатени страници, немоќ меѓу тие мртви и живи талентирани умни луѓе.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
На филолошкото безумство умните луѓе одговараат со смеа и презир, а на политичкото шарлатанство ние одговараме со негодување и пцости: бугарскиот народ нема друго оружје.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)