умен (прид.) - жена (имн.)

Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетка ми, бидејќи е сепак добра и умна жена, веројатно сфати како изреагирала и побрза да ми се извини и да ми објасни што се случило.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А беше умна жена и знаеше да се варди од провокативните, политичките прашања, за кои беше мошне добро подготвена, особено пред да патува, кога не ги напушташе Татковите книги, особено неговата Историја на Балканот низ падот на империите, посебно задлабочувајќи се во „албанското прашање”, во сите негови варијанти, вклучувајќи го тука и хроничниот проблем на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)